Friday, December 20, 2013

Волт Дизни



Волтер Елијас Дизни(англиски: Walter Elias Disney) ( 5 декември 1901 – 15 декември 1966) беше американски филмски продуцент, режисер, сценарист, гласовен актер, аниматор, претприемач, филантропист, како и повеќекратен добитник на Наградата на академијата. Дизни е познат по неговото влијание врз полето на забавната индустрија за време на дваесетиот век. Како ко-основач (со својот брат Рој О. Дизни) на Walt Disney Productions, Дизни стана еден од најпознатите филмски продуценти во светот. Корпорацијата кој тој ја ко-основа, сега позната како The Walt Disney Company, денес има годишен приход од околу 35 билиони амеркикански долари. Дизни е особено познат по тоа што бил филмски продуцент и популарен шоумен, како и иноватор во анимацијата и дизајнот на тематските паркови. Тој и неговиот персонал имаат создадено голем број на светски славни измислени ликови вклучувајќи го Мики Маус. Тој е добитник на дваесет и шест Оскари, вклучувајќи рекордни четири во една година, и се има здобиено со понатамошни педесет и девет номинации, а го држи и индивидуалниот рекорд на највеќе награди и највеќе номинации. Тој исто така е добитник и на седум Еми награди. Тој е истоименик на Дизниленд и Волт Дизни светското одморалиште во САД, Јапонија, Франција и Кина. Дизни е починат од рак на белите дробови на 15 декември, 1966, неколку години пред отворањето на неговиот проект од сонишата Волт Дизни светското одморалиште во Флорида.

Волт Дизни – поглед кон човекот кој го создаде Мики Маус

Дизни е еден од напознатите брендови во светот, но малку луѓе ја знаат приказната за човекот кој го создаде магичното кралство, стотиците анимирани креации, филмови и играчки кои го носат неговото име. Влијателениот иноватор и претприемач од средината на 20тиот век, Дизни започна од цртање зајак и стигна до водење на мултимилионерска компанија.
Почетна работа:
Дизни е роден во 1901 во Чикаго. Кога имал 16 години тој се запишал во Црвениот Крст и учествувал во Првата Светска Војна. По враќањето во Америка, тој работел маркетинг во Мисури, но за брзо време се откажал. Дизни решил да се пресели во Калифорнија каде бил неговиот брат Рој. Браќата Дизни со малку позајмени пари, креираа студио во гаражата на нивниот вујко и привлекоа внимаие со серијата на црно бели цртани со зајакот кој се викаше Освалд. Овие цртани беа продуцирани од Universal Studios. Кога Волт побара поголема цена за овој цртен, беше одбиен. По ова, Дизни престана да го црта Освалд во 1928, иако серијата продолжи да се емитува.
Претприемачки дух:
По ова искуство, Дизни го продуцираше цртанот без звук “Plane Crazy” во кој главен лик беше Мики Маус. Но, појавата на звук во филмовите измени се во Холивуд. Заради ова, Дизни го одложи претставувањето на цртанот „Plane Crazy“ и направи нов цртан со звук и со Мики Маус како главен карактер. Овој цртан, наречен „Steamboat Willie” излезе во 1928 и беше прв анимиран филм со сихронизиран звук. И покрај меѓународниот успех на филмот. Волт и Рој имаа потреба од пари, па го лиценцираа ликот на Мики Маус за 300 долари за да биде користен како украс во тетратките за деца.
Дизни секогаш користел најнова технологија за неговите филмови. Тој имал ексклузивни права да користи Technicolor во анимирани филмови во времетраење од две години, и ја добил првата Academy Award во 1932 за неговиот анимиран краток филм “Flowers and Trees”, кој е првиот цртан во боја. Дизни во текот на неговата кариера има добиено 26 Оскари, и единствен што има добиено толку многу во историјата на Оскарите.
Во наредните неколку години, многу други карактери му се придружија на Мики Маус, а меѓу позначајните се Donald Duck и Goofy. Но, Дизни верувал дека иднината на компанијата е во долгометражните филмови и затоа ја направи „Снежана и седумте џуџиња“ во 1937. Ова е првиот долгометражен цртан филм кој е продуциран во Technicolor и чинел неверојатни 1.5 милиони долари за да се направи, што било неверојатна сума за пост-депресивната Америка.
 

Раст на компанијата:
Дизни препознал дека успехот е во дизајнот на приказната, па до времето кога изградија сопствено студио во Калифорнија, тие имале преку 1000 вработени, вклучувајќи и луѓе кои ја правеле анимацијата. По успехот со „Снежана“, Дизни ги претстави Пинокио и Фанатзија во 1940, Дамбо во 1941 и Бамби во 1942.
Но, крајот на 1930тите и почетокот на 1940тите биле тешки времиња за градење бизнис во Америка. Дизни успеал да изгради компанија за време на Големата Депресија и за време на Втората Светска Војна со тоа што Дизни посветил голем дел од неговата работа во производство на пропагадни филмови за владата на Америка.
Компанијата не направи нови филмови за време на Втората Светска Војна, но во 1944 тие ја преставија „Снежана“ во театрите со што заработија дополнителен приход. Следниот голем филм од Дизни се појави во 1950, и тоа беше „Пепелашка“
Различност:
Како што растеше компанијата, Дизни го ја прошири работата и работеше многу повеќе од цртани и анимирани филмови. Treasure Island, објавен во 1950, е првиот акционен филм кој го објави Дизни, а неколку години подоцна ја формираа Buena Vista Distribution. Со сопствена компанија за дистрибуција, Дизни продолжи да ги дистрибутира филмовите со заштеда за дистрибутивни трошоци. Во 1964 беше објавен хит филмот Мери Попинс.
Појавата на Дизни на телевизија беше во исто време со појавата на Treasure Island, кога почна да се емитува One Hour in Wonderland. Популарниот Мики Маус Клуб започна да се емитува во 1955.
Во 1954 започна една друга ТВ програма, наречена Дизниленд, која покажа дека Волт Дизни има поголеми планови за компанијата. Неколку години подоцна, Дизни формираше нова компанија која почна да прави нацрт план за голем тематски парк, наречен Дизниленд. Дизниленд се отвори во 1955 и беше тематски парк каков што светот немаше видено претходно.
Дизни имал единствена стратегија која за брзо време го направи паркот супер успешен. Тој имал спонзорства за паркот, со што ги намалил трошоците, а во исто време храната и продажбата во паркот беа дадени на надворешни компании. Кога Дизниленд почна да заработува доволно, Дизни ги откупи назад овие права и го зачува целиот приход само за себе.
По првиот парк се отоври и вториот парк во Флорида во 1960, наречен Wald Disney World. Вториот парк бил замислен како урбана заедница на иднината, а денес истиот е познат како Epcot Center.
Сонот продолжува
Волт Дизни почина во 1966, 16 години пред да се отвори Epcot  Center во 1981. Time Magazinе го прогласи за еден од највлијателните луѓе во 20тиот век. Во неговиот профил, Time Magazine открива и една темна и несреќна страна на човекот кој донесе среќа на толку многу луѓе.
Сепак не е фер да се каже дека Дизни ја изгуби перспективата на неговиот пат до успехот. Ова може да го видиме во една од најцитираните изјави на Дизни „Се надевам дека никогаш нема да заборавиме една работа, а тоа е дека започнавме со глувче„.

Вистинските локации од цртаните на Волт Дизни

Сите сме ги гледале цртаните филмови на Дизни и секој од нас си има свој омилен. Снежана, Аладин, или кој и да е друг, сигурно ќе се израдувате кога ќе дознаете дека многу од локациите во нив, всушност и реално постојат. За вас издвојуваме некои од најинтересните. 

1. Дамата и Скитникот (1955)

 Локацијата на филмот е делумно инспирирана од родното место на Волт Дизни, Марселин, Мизури.




2. Заспаната убавица (1959)

Дали се сеќавате на убавиот замок од овој цртан филм во кој сите мечтаевме да живееме? Тоа е замокот Нојшванштајн во Баварија, Германија. Датира од 19-от век и бил изграден по наредба на Лудвиг II од Баварија, во чест на композиторот Рихард Вагнер.



3. Робин Худ (1973)

Еден од најзабавните цртани филмови на Дизни. Пределите во кои Робин Худ крадеше од богатите за да им даде на сиромавите, се инспирирани од шумата Шервуд, во Нотингхемшајр, Англија.
 





4. Покахонтас (1995)

Паралелите не се однесуваат само на локацијата. Покахонтас е вистински лик од американската историја. Родена во Матоака, а подоцна позната како Ребека Ролф, Покахонтас била Индијанка од Вирџинија, позната по случувањата во колонијата Џејмстаун, Вирџинија.





5. Квазимодо (1996)

Излишно е да се коментира дека катедралата Нотр Дам во Париз, е инспирацијата за овој цртан филм. Катедралата, изградена во 1345-та година, е најдобар пример за француската готска архитектура.
 


6. Барајќи го Немо (2003)

Во „Барајќи го Немо“, блокбастерот на Дизни и Пиксар за малата морска рипка, очигледно е дека локациите над вода, веднаш потсетуваат на Сиднеј, Австралија.








7. Аладин (2009)

 Палатата на Аладин е инспирирана од Таџ Махал, Агра. Таџ Махал е бело, мермерно светилиште, во Агра, Утар Прадеш, Индија. Освојувачот Мугал Шах Јахан го изградил во чест на својата трета жена.

 

 

  





8. До небото (2009)

Ангелските водопади во Канаима, Венецуела, се инспирацијата за Рајските водопади на Пиксар во овој цртан филм. Едно од најубавите места во светот, разбирливо, стана рај во цртаниот филм.


 9. Заплеткано (2010)

Овој цртан филм е инспириран од убавата локација Мон Сен Мишел, во Нормандија. Тоа е тврдина, која од осмиот век па наваму, е локација на манастирот од каде и го добила името.
 

 









Дизниленд

Дизниленд Парк е тематски парк лоциран во Анахајм , Калифорнија , поседуван и раководен од Волт Дизни Паркови и Одмаралишта ( Walt Disnet Parks and Resorts) дивизија на Волт Дизни Компани (Walt Disney Company). Познат како Дизниленд (Disneyland) кога е и воедно отворен на 18 јули 1955 и сеуште секојдневно познат под истото име е единствениот тематски парк дизајниран и изграден под директно надгледување од страна на Волт Дизни . Во 1988 година , тематскиот парк се ребрендира во ,, Дизниленд Парк ( Disneyland Park) како би го отфрлил поголемиот комплекс ,, Дизниленд Ресортс ˝ ( Disneyland Resorts ) . Волт Дизни доаѓа со
концептот за Дизниленд по посетата на многубројните паркови , заедно со своите ќерки во 30 -тите и 40 -тите години . Отпрвин замислува изградба на туристичка атракција близу неговите студија во Бурбанк со што би се забавувале фановите кои доаѓаат во посета ; како и да е подоцна станува свесен дека неговата предложна парцела е премногу мала . По вработувањето на консултант за помош при одредувањето на соодветна парцела за неговиот проект , Волт купува 160 акри / 65 Хе ( хектари ) плац близу Анахајм во 1953 година . Изградбата започнува во 1954 година и паркот е откриен за време на специјален телевизиски пренос , настан кој се случува на 17 јули 1955 година.Дизниленд има најголема посетеност од било кој друг тематски парк во светот , со приближно 600 милиони гости од неговото отварање . Во 2009 година 15, 9 милиони луѓе го посетуваат паркот , со што го прават вториот по ред најпосетен парк во светот во таа календарска година .

Тајниот свет на Дизниленд

Сподели

Во Дизниленд сè изгледа совршено. Тоа е добро дизајниран свет од фантазијата, но за сè да оди како подмачкано, овој забавен парк користи некои тајни техники.

Мачешко обезбедување

Иако Дизниленд не потврдува, гласно се шпекулира дека за отстранување на несакани гости од животинскиот свет паркот користи некогаш питоми мачки кои денес се однесуваат како да се диви. Денот тие го поминуваат во специјални кафези, а ноќе шараат низ целиот парк во потрага по натрапници. Наводно, овој метод се употребува од 1957 година, кога одговорните од паркот не успеале да избркаат сто мачиња-скитници, па се решиле да ги искористат „услугите“ на подивените мачки.


Скриениот Мики Маус

Ликот на Мики Маус може да се забележи насекаде низ тематските паркови на Дизни, но него го има дури и онаму каде што никој не може да го види на прв поглед. За Дизни работат специјално обучени инженери-дизајнери кои вешто успеваат да го скријат познатиот лик на места каде што не се забележува. Така, дизниевиот јунак го има на цветните тапети во амбулантата, на бродот на Карипските пирати, па дури и на ролеркоустерот Вселенска Планина (Space Mountain). Само тие знаат колку точно Мики Мауси има во Дизниленд.



Алкохол далеку од дофатот на децата

Никаде во Дизниленд не се продава алкохол, освен во добро скриениот Клуб 33. Тој бил изграден во времето додека Волт Дизни бил жив како место каде што требало да се забавуваат потенцијалните инвеститори. Денес таму можат да влезат само 487 гости кои се на список, а ред се чека и по 14 години. Порано од тоа можат да влезат само луѓе од политиката, славни ѕвезди и други луѓе со силни врски.

Оптички илузии

Во Дизниленд ништо не е баш онака како што изгледа благодарение на дизајнерите кои многу умешно креираат оптички илузии. Така на пример, планината Матерхорн всушност е еден не многу голем рид, иако изгледа огромен. Трикот е во тоа што дрвјата во подножјето се повисоки и изгледаат поблиску, а оние на врвот се пониски, создавајќи илузија дека се таму далеку во облаците.

Работниците имаат актерски задолженија

Во Дизниленд секој работник има актерски задолженија. Секој од нив мора да следи прецизен код на однесување со кој нема да се задира во магијата на паркот. Сите мораат да се однесуваат како да се во светот на карактерот кој го претставуваат со цел да не ја нарушат сликата на посетителите за него, а носење брада, долги нокти или бојадисана коса не доаѓа предвид.

Thursday, December 19, 2013

Волт Дизни: Дизниленд е ѕвезда се друго е споредно

Сите наши соништа можат да станат реалност, само ако имаме храброст да ги следиме.


Колку повеќе се сакаш себе си , толку помалку личиш на другите. На тој начин стануваш единствен.

Никогаш немојте да го менувате семејството за работата.

Секогаш сакам да гледам на светлата страна од животот, но доволно сум реален за да знам дека животот е комплексна материја.

Единствен начин да почнеш со работа е да престанеш да зборуваш и да почнеш со работа.

Дизниленд никогаш нема да биде целосен. Ќе продолжи да расте се додека постои имагинацијата во светот.

На почетокот нема да сфатиш што се случува, но некогаш еден бокс може да биде најдобрата работа што ти се случила.

Смеата е најважниот производ за извоз на Америка.

Ја сфаќаш целта на работата, кога не работиш за пари.

Дизниленд е ѕвезда, се друто е споредно.