Дизниленд Парк е тематски
парк лоциран во Анахајм , Калифорнија , поседуван и раководен од Волт
Дизни Паркови и Одмаралишта ( Walt Disnet Parks and Resorts) дивизија на
Волт Дизни Компани (Walt Disney Company). Познат како Дизниленд
(Disneyland) кога е и воедно отворен на 18 јули 1955 и сеуште
секојдневно познат под истото име е единствениот тематски парк
дизајниран и изграден под директно надгледување од страна на Волт Дизни .
Во 1988 година , тематскиот парк се ребрендира во ,, Дизниленд Парк (
Disneyland Park) како би го отфрлил поголемиот комплекс ,, Дизниленд
Ресортс ˝ ( Disneyland Resorts ) .
Волт Дизни доаѓа со
концептот за Дизниленд по посетата на многубројните
паркови , заедно со своите ќерки во 30 -тите и 40 -тите години . Отпрвин
замислува изградба на туристичка атракција близу неговите студија во
Бурбанк со што би се забавувале фановите кои доаѓаат во посета ; како и
да е подоцна станува свесен дека неговата предложна парцела е премногу
мала . По вработувањето на консултант за помош при одредувањето на
соодветна парцела за неговиот проект , Волт купува 160 акри / 65 Хе (
хектари ) плац близу Анахајм во 1953 година . Изградбата започнува во
1954 година и паркот е откриен за време на специјален телевизиски пренос
, настан кој се случува на 17 јули 1955 година.Дизниленд има најголема
посетеност од било кој друг тематски парк во светот , со приближно 600
милиони гости од неговото отварање . Во 2009 година 15, 9 милиони луѓе
го посетуваат паркот , со што го прават вториот по ред најпосетен парк
во светот во таа календарска година .

No comments:
Post a Comment