Дизни е еден од напознатите брендови во светот, но малку луѓе ја
знаат приказната за човекот кој го создаде магичното кралство, стотиците
анимирани креации, филмови и играчки кои го носат неговото име.
Влијателениот иноватор и претприемач од средината на 20тиот век, Дизни
започна од цртање зајак и стигна до водење на мултимилионерска
компанија.
Почетна работа:
Дизни е роден во 1901 во Чикаго. Кога имал 16 години тој се запишал
во Црвениот Крст и учествувал во Првата Светска Војна. По враќањето во
Америка, тој работел маркетинг во Мисури, но за брзо време се откажал.
Дизни решил да се пресели во Калифорнија каде бил неговиот брат Рој.
Браќата Дизни со малку позајмени пари, креираа студио во гаражата на
нивниот вујко и привлекоа внимаие со серијата на црно бели цртани со
зајакот кој се викаше Освалд. Овие цртани беа продуцирани од Universal
Studios. Кога Волт побара поголема цена за овој цртен, беше одбиен. По
ова, Дизни престана да го црта Освалд во 1928, иако серијата продолжи да
се емитува.
Претприемачки дух:
По ова искуство, Дизни го продуцираше цртанот без звук “Plane Crazy”
во кој главен лик беше Мики Маус. Но, појавата на звук во филмовите
измени се во Холивуд. Заради ова, Дизни го одложи претставувањето на
цртанот „Plane Crazy“ и направи нов цртан со звук и со Мики Маус како главен карактер. Овој цртан, наречен „Steamboat Willie”
излезе во 1928 и беше прв анимиран филм со сихронизиран звук. И покрај
меѓународниот успех на филмот. Волт и Рој имаа потреба од пари, па го
лиценцираа ликот на Мики Маус за 300 долари за да биде користен како
украс во тетратките за деца.
Дизни секогаш користел најнова технологија за неговите филмови. Тој имал ексклузивни права да користи Technicolor во анимирани филмови во времетраење од две години, и ја добил првата Academy Award во 1932 за неговиот анимиран краток филм “Flowers and Trees”, кој е првиот цртан во боја. Дизни во текот на неговата кариера има добиено 26 Оскари, и единствен што има добиено толку многу во историјата на Оскарите.

Во наредните неколку години, многу други карактери му се придружија
на Мики Маус, а меѓу позначајните се Donald Duck и Goofy. Но, Дизни
верувал дека иднината на компанијата е во долгометражните филмови и
затоа ја направи „Снежана и седумте џуџиња“ во 1937. Ова е првиот
долгометражен цртан филм кој е продуциран во Technicolor и чинел
неверојатни 1.5 милиони долари за да се направи, што било неверојатна
сума за пост-депресивната Америка.
Раст на компанијата:
Дизни препознал дека успехот е во дизајнот на приказната, па до
времето кога изградија сопствено студио во Калифорнија, тие имале преку
1000 вработени, вклучувајќи и луѓе кои ја правеле анимацијата. По
успехот со „Снежана“, Дизни ги претстави Пинокио и Фанатзија во 1940, Дамбо во 1941 и Бамби во 1942.
Но, крајот на 1930тите и почетокот на 1940тите биле тешки времиња за градење бизнис во Америка. Дизни успеал да изгради компанија за време на Големата Депресија и за време на Втората Светска Војна со тоа што Дизни посветил голем дел од неговата работа во производство на пропагадни филмови за владата на Америка.
Компанијата не направи нови филмови за време на Втората Светска Војна, но во 1944 тие ја преставија „Снежана“ во театрите со што заработија дополнителен приход. Следниот голем филм од Дизни се појави во 1950, и тоа беше „Пепелашка“

Различност:
Како што растеше компанијата, Дизни го ја прошири работата и работеше многу повеќе од цртани и анимирани филмови. Treasure Island,
објавен во 1950, е првиот акционен филм кој го објави Дизни, а неколку
години подоцна ја формираа Buena Vista Distribution. Со сопствена
компанија за дистрибуција, Дизни продолжи да ги дистрибутира филмовите
со заштеда за дистрибутивни трошоци. Во 1964 беше објавен хит филмот
Мери Попинс.
Појавата на Дизни на телевизија беше во исто време со појавата на Treasure Island, кога почна да се емитува One Hour in Wonderland. Популарниот Мики Маус Клуб започна да се емитува во 1955.
Во 1954 започна една друга ТВ програма, наречена Дизниленд, која
покажа дека Волт Дизни има поголеми планови за компанијата. Неколку
години подоцна, Дизни формираше нова компанија која почна да прави нацрт
план за голем тематски парк, наречен Дизниленд. Дизниленд се отвори во
1955 и беше тематски парк каков што светот немаше видено претходно.
Дизни имал единствена стратегија која за брзо време го направи
паркот супер успешен. Тој имал спонзорства за паркот, со што ги намалил
трошоците, а во исто време храната и продажбата во паркот беа дадени на
надворешни компании. Кога Дизниленд почна да заработува доволно, Дизни
ги откупи назад овие права и го зачува целиот приход само за себе.
По првиот парк се отоври и вториот парк во Флорида во 1960, наречен Wald Disney World. Вториот парк бил замислен како урбана заедница на иднината, а денес истиот е познат како Epcot Center.
По првиот парк се отоври и вториот парк во Флорида во 1960, наречен Wald Disney World. Вториот парк бил замислен како урбана заедница на иднината, а денес истиот е познат како Epcot Center.
Сонот продолжува
Волт Дизни почина во 1966, 16 години пред да се отвори Epcot Center во
1981. Time Magazinе го прогласи за еден од највлијателните луѓе во
20тиот век. Во неговиот профил, Time Magazine открива и една темна и
несреќна страна на човекот кој донесе среќа на толку многу луѓе.
Сепак не е фер да се каже дека Дизни ја изгуби перспективата на неговиот
пат до успехот. Ова може да го видиме во една од најцитираните изјави
на Дизни „Се надевам дека никогаш нема да заборавиме една работа, а тоа е
дека започнавме со глувче„.

No comments:
Post a Comment